Професори, академици, интелектуалаци со писмо му се заблагодарија на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Во продолжение го објавуваме во целост:
Ваша Сесветост, сепочитуван Татко на Православните и Вселенски Патријарх Г. Г. Вартоломеј,
Ние, долу потпишаните граѓани, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери на општеството во Република Северна Македонија, со нескриена радост ја поздравуваме и силно Ви благодариме Вам и на членовите од Вашиот Свет Синод за Вашата историска одлука од 9 мај 2022 година. Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни.
Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот.
Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква.
Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол.
Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа.
За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието.
Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието.
Ваша Сесветост, Вие се покажавте достоен сомолитвеник на Синот и Словото Божјо, кој во Својата првосвештеничка молитва во Гетсиманија, Го молеше Бога Отецот, „да бидат сите едно“ (Јн. 17, 21). Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа.
Ви благодариме и Ви целиваме света десница!
Скопје 14.05.2022 година
Проф.
д-р Марјан Ѓуровски с.р.
Проректор
на Универзитетот „Св. Климент Охридски“
– Битола
Академик
проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р.
Македонска
академија на науките и уметностите
Проф.
д-р Методи Чепреганов с.р.
редовен
професор во пензија, Медицински факултет,
Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Цане Мојаноски с.р.
редовен
професор во пензија, Универзитет „Св.
Климент Охридски“ – Битола, поранешен
Претседател на Комисијата за односи со
верските заедници и религиозни групи
Академик
Газанфер Бајрам с.р.
Потпретседател
на Македонската академија на науките
и уметностите
Проф.
д-р Зоран Матевски с.р.
Филозофски
факултет, Институт за социологија,
Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
– Скопје
Генерал
Мирослав Стојановски с.р.
генерал
потполковник во пензија,
поранешен
началник на Генералштабот на АРСМ
Проф.
д-р Татјана Стојановска Иванова с.р.
Филозофски
факултет, Институт за социологија,
Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
– Скопје
Проф.
д-р Драган Зајковски с.р.
црковен
историчар и медиевист, Институт за
национална историја – Скопје
Проф.
д-р Борче Илиевски с.р.
црковен историчар, Институт за
национална историја – Скопје
Проф.
д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р.
славист,
редовен професор во пензија, Универзитет
„Свети Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Аспазија Софијанова с.р.
Медицински
факултет, Универзитет „Свети Кирил и
Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Ацо Гирески с.р.
редовен
професор во пензија, поранешен Декан
на Богословскиот факултет „Св. Климент
Охридски“, Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“ – Скопје
Проф.
Д-р Милица Миркуловска с.р.
Филолошки
факултет „Блаже Конески“, Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф. д-р Валериј Софрониевски с.р. Филозофски факултет, Институт за класични студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Људмил Спасов с.р.
Филолошки
факултет „Блаже Конески“, Универзитет
„Свети Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
м-р Весна Ѓиновска Илкова с.р.
Факултет
за музички уметности, Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Крсте Најденкоски с.р.
ФЕИТ,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –
Скопје
Проф.
д-р Веле Смилевски с.р.
поет,
есеист, литературен критичар и научен
работник
Проф.
д-р Емилија Црвенковска с.р.
Филолошки
факултет „Блаже Конески“, Универзитет
„Свети Кирил и Методиј“ – Скопје
Проф.
д-р Апостол Трпески с.р.
Факултет за драмски уметности,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –
Скопје
Раде
Силјан с.р.
поет, писател, литературен критичар
Бранко
Ѓорѓески с.р.
новинар
М-р Влатко Деловски с.р.етнолог и културолог
М-р
Душан Пецаковски с.р.
бизнис
сектор
М-р
Илија Ико Каров с.р.
режисер
и писател
Благој
Веселинов с.р.
актер
Петар
Костовски с.р.
актер


