Утре на повеќе места се очекува да биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток се очекува претежно сончево време со променлива облачност во текот на денот
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од северозападен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе има услови за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 34 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачо и топло со сончеви периоди, а во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови од оваа седмица ќе преовладува топло време. Утре на повеќе места се очекува да биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток се очекува претежно сончево време со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УХМР


