Пронајден обесен сопственикот на „Фиком“

Според некои медиуми, сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ бил пронајден обесен во затворот во Штип.

Од затворот и од Управата за извршување санкции се уште нема потврда за информацијата.

Од МВР потврдуваат само дека утрово околу 7 часот било пријавено дека има починато лице во затворот во Штип, но нема информации за неговиот идентитет, бидејќи увидот е во тек.

Сопственикот на „Фиком“ беше осуден за измама со продажбата на станови на повеќемина купувачи.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести