Јужноафриканското обвинителство го прошири обвинението против параолимпиецот Оскар Писториус.
Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Реви Стекамп, кое се случи во февруари годинава.
Обвинителството во Јоханесбург, сега освен за убиство со умисла, го товари Писториус и за користење на огнено оружје на јавно место.
Како што пренесуваат медиумите од Јужна Африка, Писториус во два наврати пукал на јавно место. Првиот пат од автомобил во движење, а во кој била и неговата поранешна девојка.
Во вториот случај Писториус, тоа го сторил во ресторан, каде наводно пукал од пушка на негов пријател.
Инаку, параолимпиецот го очекува главното судење на почетокот на следната година, а се соочува со доживотна казна затвор.


