Нова причина за забава во семејството Ражнатовиќ по раѓањето на синот на Вељко и Богдана, кој доби необично име Исаија.

Вељко на Инстаграм сподели фотографија од својот најстар син каде му се обрати со емотивни зборови.

Имено, денеска, 3 јуни, пред 4 години се роди неговиот најстар миленик Жељко.
Вељко сподели фотографија од момчето кое го доби името по неговиот дедо, а во описот на објавата додаде:
– Среќен роденден, синко. Тигарска крв!

Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ најави дека ќе го крсти малиот Исаија на 28 јуни, на големиот празник – Видовдан, пишува Информер.


