Провладините открија – Шекеринска била крива оти пола Македонија нема струја

Во продолжение ви нудиме дел од „анализите“ на провладините медиуми околу актуелното неколкудневно немање струја во домовите на граѓаните на пола Македонија.

Граѓаните скапо го платија цехот од продажбата на ЕСМ која се случи во 2006 година непосредно пред изборите. Тогаш функционерите од партијата на Црвенковски, а најгласно Радмила Шекеринска, бизнисот со продажбата го сметаа за одличен или конкретно како што актуелната заменичка-претседател се изјасни „бонбона бизнисот“.

Она што е страшно во оваа ситуација, е фактот што сметката за таквиот бизнис, граѓаните го плаќаат и денес.

Изјавата на Радмила Шекеринска дека ова е „бонбона бизнис“ наиде на остра осуда кај граѓаните и сомнеж од страна на експертите. Загрижувачката состојба со која денес се соочуваат голем број на граѓани е резултат токму на бизнисот со кој СДСМ се гордее.

Голем број на села се останати без електрична енергија бидејќи неколку дена не е санирана електродистрибутивната мрежа до семејствата. Оваа мрежа е во надлежност на ЕВН која од 2006 година е сопственик на ЕСМ дистрибуција.

Инаку овој текст „оди“ како трилогија заедно со придружните, за неспособниот директор на „Македонија пат“ и написот дека ниедна држава не победила во битката со невремето.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести