Прва сезонска победа за Монтепаски во Евролигата

Во кошаркарската Евролига на програмата се натпреварите од 5.коло, а во еден од нив синоќа екипата на Монтепаски Сиена на гостувањето кај Уникаха ја забележа првата победа во новата сезона.

Втрор тим по Реал Мадрид со максимални пет победи е Улкер Фенербахче на македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб. Вчеравечер во Истанбул Бо во победата над Нантер учествуваше со 10 поени за 22 минути поминати на теренот.

На вчерашните дуели од 5.коло постигнати се следниве резултати: Фенербахче – Нантер 83:66, Будивелник – Барселона 74:84 (А група), Жалгирис – Бросе Баскет 91:81 (Б група), Уникаха – Монтепаски 73:75 (Ц група), Локомотив Кубан – Лаборал 85:84 и Макаби – Панатинаикос 75:68 (Д група).

Во средата Реал Мадрид го победи Ефес Анадолу со 103:57.

Оваа рунда ќе се комплетира вечерва по одигрување на натпреварите: ЦСКА Москва – Партизан (А група), Армани – Стразбур (Б група), Олимпијакос – Зиелона Гора, Галатасарај – Баерн (Ц група) и Црвена Звезда – Литвос Ритас (Д група).

Табела А група: Улкер 5-0 (победи-порази), Барселона 3-2, ЦСКА 2-2, Нантер 1-3, Партизан 1-3, Будивелник 1-4.

Табела Б група: Реал 5-0, Ефес 3-2, Армани 2-2, Жалгирис 2-3, Бросе 2-3, Стразбур 0-4.

Табела Ц група: Олимпијакос 4-0, Баерн 3-1, Галатасарај 2-2, Уникаха 2-3, Зиелона Гора 1-3 и Монтепаски 1-4.

Табела Д група: Макаби 4-1, Кубан 4-1, Панатианикос 2-3, Лаборал 1-3, Црвена Звезда 1-3, Литвос 1-3.

Најчитани вести