Први фотографии од свадбата на Антониа Гиговска и Роберт

Младата поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното дете Киан, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија со јавноста преку неколку фотографии.

Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт  одлучија денеска да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред голем број гости.

Свадбената церемонија е во тек, а веќе протекоа првите фотографии од венчавката на среќните младенци. Антониа изгледа прекрасно во бајковита венчаница, додека Роберт се одлучил за црн костум.

Извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести