Пржен оброк од камен е најнов хит на улична храна во Кина

Јадењето се нарекува suodiu а според легендите потекнува од провинцијата Hubei, позната и како Земја на рибите и оризот. Легендата вели дека за време на долгите патувања по реката Yangtze, морепловците се соочувале со недостиг од месо и зеленчук, поради што почнале да ги ишмукуваат минералите од речните камења за да ги задоволат своите потреби.

Во голема тава, во чили масло се пржат речните камења, се додава лук, млад кромид, ѓумбир и чили пиперки, се сечат на коцки а се јадат така што добро ќе се излиже секое камче, за да се отстрани целиот сос од него. а потоа, се разбира камењата се фрлаат. Некои тврдат дека камењата имаат природен вкус на риба кој се подобрува со пржење на висока температура.

Ароматичните камења на купувачите им се служат во кутии со големина на дланка, а секоја порција чини околу 16 yuana (две евра). Еден од муштериите прашал дали мора и да ги врати камчињата откако ќе го изеде јадењето, на што готвачот му одговорил дека може да ги задржи како сувенир. И додека еден дел од публиката го смета ова за прилично забавно и интересно јадење, другиот дел е загрижен за здравјето на оние кои го консумираат. Тие веруваат дека лижењето камења не е хигиенско и може да ги уништи забите, а како проблем го наведуваат и ризикот од голтање камења.

Најчитани вести