Публиката му ракоплескаше 17 минути: Oвој филм го доби најдолгиот аплауз во Венеција

Најновиот филм на шпанскиот режисер и сценарист Педро Алмодовар, драмата „The Room Next Door “, на филмскиот фестивал во Венеција премиерно беше прикажан вчера, а по филмот следеше дури седумнаесет минути ракоплескање од публиката, што е рекорд за оваа година.

Според Variety, филмот ги победи „The Brutalist“, кој доби 12 минути овации, „Мариа“, кој доби осумминутни овации и „The Order“, кој доби 7 минути овации.

„The Room Next Door“ е првиот филм на Алмодовар на англиски јазик. Реномираниот режисер е познат по филмовите кои обработуваат сложени теми, а ниту неговата најнова драма не е исклучок.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Тилда Свинтон, Џулијан Мур, Џон Туртуро и Алесандро Нивола.

Филмот следи две поранешни пријателки, Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон), кои на почетокот на нивните кариери пишувале за истото списание. Години подоцна, Ингрид, најпродавана авторка, одлучува повторно да се поврзе со Марта, воена новинарка која боледува од рак на грлото на матката и сака да биде подложена на евтаназија.
Алмодовар за време на прес-конференцијата, која се одржа пред филмот, откри дека The Room Next Door ја поддржува евтаназијата.

Филмот The Room Next Door ќе почне да се прикажува во кината од 18 ноември годинава.

Најчитани вести