Струмичанецот Горан Кукиќ е победник според СМС гласовите од публиката во вечерашното финале на балканското ТВ шоу „Никад није касно“ на Гранд продукцијата.
Горан публиката ја освои со интерпретацијата на познатиот ЈУ евергрин „Плавуша“ од Кичо Слабинац.
Според Фејсбук корисниците, Горан Кукиќ е на второто место, а според гласовите на 20-членото жири се најде на третото место.
Сепак публиката од Балканот гласаше за Горан Кукиќ и тој е победник во првата сезона на „Никад није касно“.
Извор:strumicanet.com


