Расправии поради девојка најверојатно се причините за вечерашниот инцидент во тетовското кафуле Бар Код вечерва околу 22:00 во Тетово. Едно лице а убиено а четворица се повредени, шпекулира тетовската чаршија, пишува Press24.
Убиениот и повредените се млади лица од албанска етничка припадност на возраст меѓу 20 и 25 години.
Расправијата во кафулето избила поради девојка а продолжила надвор по што едно лице чиј идентитет се уште не е познат извадило пиштол и почнало да пука. Во пукотниците, две лица имале посериозни повреди и префрлени се во Ургентниот центар во Скопје, каде пред малку, едно од нив им подлегна на повредите.
Екипи на полицијата на местото на настанот спроведуваат истрага за инцидентот.


