Путин побара од руската влада во рок од два дена да биде составен список на земји кои ги поддржаа санкциите против Русија, а руската агенција „РИА Новости “објави дека списокот е направен.
„На списокот на непријателски странски земји, меѓу другите, се Австралија, Велика Британија, сите членки на Европската унија, Канада, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Сан Марино, САД, Сингапур, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија, Албанија, Норвешка…“, се вели во соопштението на руската влада.
Санкциите веќе почнаа да влијаат на животниот стандард во Русија. Триесет и две земји го затворија својот воздушен простор за авиони регистрирани во Русија или кои припаѓаат на руската влада и нејзините граѓани.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ќе одговори.
На списокот на непријателски странски земји на Русија е и Северна Македонија.
]]>


