Путин: Кризата во Украина не е по вина на Русија

Украинската криза има внатрешен карактер и Русија не е виновна за нејзиното избувнување, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средба со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија.

– Кризата избувна не по наша вина, но ние сме секако инволвирани во случувањата, изјави Путин, оценувајќи го проблемот околу Украина и Крим „комплициран“.

На состанокот на Советот за безбедност на Русија е разговарано за градењето односи меѓу Москва и партнерите во Украина, Европа и САД.

– Сакам да укажам дека тоа, пред се, е внатрешна украинска криза, изјави рускиот претседател, повикувајќи ги членовите на Советот заедно да разгледаат како Русија да гради односи со партнерите и пријателите во Украина и со партнерите во Европа и САД.

На состанокот учествуваа рускиот премиер Дмитриј Медведев, министрите за надворешни работи, полиција и одбрана Сергеј Лавров, Владимир Колоколчев и Сергеј Шојгу, претседателот на руската Дума Сергеј Наришкин и други.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести