Работнички или Пелистер последен полуфиналист во фудбалскиот Куп

Фудбалерите на Работнички и на Пелистер денеска ќе го одиграат последниот реванш четвртфинален натпревар од Купот на Македонија.

Битолчани ќе влезат со предност, бидејќи на првиот дуел го искористија домашниот терен и победија со 1:0.

Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 13 часот.

Пласман во полуфиналето од ова натпреварување веќе имаат обезбедено Металург, Брегалница и бранителот на трофејот второлигашот Тетекс.

Најчитани вести