Расте бројот на луѓе кои имаат над 100 милиони долари

Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе, во последната деценија пораснал за 54 отсто.

Поточно во светот живеат повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма Henley & Partners.

Оваа категорија на богати луѓе најмногу нови милионери добила во САД (за 81%) и Кина (108%).

За разлика од нив, во Европа има скромно зголемување од 26 проценти во истиот период.

Списокот на Henley & Partners „Педесет најдобри градови за центимилионери“ нагласува каде најчесто живеат овие луѓе.

САД водат со 744 стомилионери во Њујорк, 675 во Сан Франциско и Силиконската долина и 496 во Лос Анџелес.

Во извештајот се наведува дека САД поседуваат повеќе од 30 отсто од светското ликвидно инвестициско богатство, со вкупен имот кој изнесува 67 трилиони долари.

Сепак, оваа бројка може да се промени во зависност од исходот на претседателските избори во САД во ноември.

Предложеното зголемување на даноците за милионерите, поддржано од потпретседателката Камала Харис, може да ги поттикне богатите да бараат друго место за живеење.

Има брз пораст на богатството во Азија, особено во градовите како Пекинг, кој сега има 347 центимилионери, следен од Сингапур со 336, Шангај со 322 и Хонг Конг со 320.

Во Европа, некогаш глобален финансиски центар, Лондон останува центар со 370 центимилионери, рангирана на четвртото место на глобално ниво, иако регионот забележа побавен раст во споредба со „колегите“ од Азија и САД.

Најчитани вести