Судскиот совет денеска поради нестручно работење ја разреши судијката Татјана Михајлова. Официјално не го соопштија нејзиното име, а претседателот на Советот, Киро Здравев изјави дека се работи за нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот.
ТВ 24 во неделата информираше дека поранешна вд-претседателка на Кривичен суд се соочува со разрешување поради злоупотреба на распоредот на судии кој го правела, осносно прераспределувала судии во прекршоци „кои не се по нејзин терк“. По нејзината одлука 8-мина судии поднесоа приговори до Врховен кои беа прифатени, а Михајлова тогаш поднесе оставка од функцијата вд-претседател.
Извор: ТВ 24
]]>


