Реал убедлив против Ваљадолид

Фудбалерите на Реал Мадрид со убедливи 4:0 го победија Ваљадолид и ја потврдија добрата форма во последните неколку натпревари.

Герет Бејл со хет-трик (33, 64 и 89.минута) беше предводник во победата на „Кралевите“. Стрелец на четвртиот погодок е Карим Бензема во 36.минута.

На другите досега завршени натпревари од 15.коло во Примера Дивизија постигнати се овие резултати: Хетафе – Леванте 1:0, Виљареал – Малага 1:1, Елче – Атлетико Мадрид 0:2, Селта – Алмерија 3:1 и Еспањол – Сосиедад 1:2.

Колото денес ќе го комплетираат: Бетис – Ваљекано, Гранада – Севиља, Валенсија – Осасуна и Атлетик Билбао – Барселона.

Табела: Барселона, 40 бодови, Атлетико Мадрид 40, Реал Мадрид 37, Виљареал 28, Атлетик Билбао 26, Сосиедад 23, Хетафе 23,

Најчитани вести