Сите знаме дека „ламборџини“ е скап и ексклузивен автомобил, но дури и неговата цена тешко може да се спореди со цената на оваа регистарска таблица.
„Lamborghini Aventador SVJ Roaster“ е едно од најексклузивните „ламборџини“ на патиштата, но неговата цена од околу 390.000 евра е само еден мал детаљ во цената на оваа мала ознака составена од броевите „123“.
Имено, сопственикот платил дури 10 милиони евра на аукцијата со што ова е и најскапата регистрација во светот и е направена во Катар.
Автомобилот со оваа регистарска таблица е снимен во Монако.