Во последните 24 часа се направени 2.760 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје и Тетово. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се шест оздравени пациенти од: Велес и Кичево – по два, Битола и Свети Николе – по еден.
Направени се 2.760 тестови преку: ИЈЗ-56, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-3, Институт за микробиологија–22, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-217, Биотек-127, Систина-52, лабораторија Лаор-269, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–54, Генеа–9, Никоб лаб-500, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1232.
Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.
]]>


