Рекорд на Хил за победа на Лејкерси

Џордан Хил постигна рекордни 24 поени во неговата кариера на синоќешниот натпревар во „Стејплс Центар“ против Детроит кој Лос Анџелес Лејкерс кој доби со 114:99. Ова беше петта сезонска победа за „езерџиите“.

Хил покрај ефикасната игра, оствари и 17 скокови и имаше голема заслуга за триумфот на ЛА Лејкерс.

На другите два синоќешни натпревара во НБА лигата победи забележаа гостинските екипи. Постигнати резултати: ЛА Лејкерс – Детроит 114:99, Торонто – Портланд 110:118 (по продолжение) и Сакраменто – Мемфис 86:97.

Вечерва играат:Бруклин – Портланд, Чикаго – Шарлот, Оклахома – Денвер, Далас – Филаделфија, Јута – Голден Стејт и ЛА Клиперс – Мемфис.

Табела Источна конференција: Индијана 9-1 (победи-порази), Мајами 7-3, Чикаго 5-3, Атланта 6-4, Шарлот 5-5,…

Табела Западна конференција: Сан Антонио 9-1, Портланд 8-2, ЛА Клиперс 7-3, Голден Стејт 7-3, Оклахома Сити 6-3, Хјустон 7-4, Минесота 7-4,

Најчитани вести