Ременски: Македонските Каубојци и Индијанци денес седнаа на степски кактус!

Она што го предложија Каубојците, а беше „округло, па на ќоше“, „што не може никој да го разбере“, беше предложено и потпишано од заслужниот правник (подоцна професор) Васко Наумовски, помина низ договорените комисиски процедури, беше изгласано од „Индијанците“ во Собранието и заврши како граѓанска иницијатива пред Уставниот суд, кој подоцна „ја потврди уставноста на автентичното толкување“.
Сега кога нештата станаа појасни, кога заслужниот правник едуцира правници (се надевам не за толкување на закони „округло па на ќоше“), кога актерите продолжуваат да глумат чесни хуманисти и врвни патриоти; кога жртвите од Хашките случаи по трет пат станаа жртви, кога Уставниот суд глуми заштитник на Уставот и поредокот по наредба …, сега кога се гледа дека по наредба на Груевски, заради гола власт се прекршиле сите процедури, домашни и меѓународни правни акти за случаи од ваков тип, очекувам ОСТАВКИ, ЛИЧНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОВСКА И ПРАТЕНИЦИТЕ НА ДПМНЕ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ И ЖРТВИ ОД КОНФЛИКТОТ ВО 2001 ГОДИНА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕГОВИТЕ ДЕЛА !
И нека не се обидува никој да бара оправдување за каубојката и финансиерот во нивниот лицемерен обид за избегнување на НИВНАТА ОДГОВОРНОСТ, и да заборават кој тоа одработуваше пред „Индијанците“ да изгласаат! А Оној што одлежа години во Хаг, што ги придружува на партиските митинзи како симбол на нивниот „партиотизмам“, доколку ја разбере грозотата на овој политички пазар, нека стави прст на чело и нека си одговори дали е спремен да го ГОЛТНЕ ТУЃИОТ СРАМ!

Фејсбук статус на Фросина Ременски – Потпретседател на СДСМ

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести