Рецепт за домашни палачинки, нема кој не ги сака

Без разлика дали ги сакате благи или солени, палачинките секогаш се добар избор.

За да ги направите потребни ви се:
-1 јајце
-20 лажици брашно
-1 чаша млеко (средна, или еден филџан за кафе)
-малку топла вода (околу половина филџан за кафе)
-1/2 лажиче сол
-1 лажичка шеќер
-половина чаша (филџан) масло

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки, најпрво јајцето, а потоа додадате се останато, освен една чаша вода, што ќе ја ставите да се загрее. Смесата треба да биде иста и да нема грутки. Потребната густина требада ви биде како да е јогурт. Потоа загрејте ја тавата за палачинки, лесно подмачкајте ја со масло и започнете со печење на палачинките од двете страни. Пополнете по желба.

Искусните домаќинки исто така знаат трик, како палачинките да ви бидат меки, а не „гумени“. Имено, треба да истурите млако млеко во смесата и да изматете малку погусто тесто.

На крајот додадете филџан врела вода за да бидат со т.н. меурчиња и задолжително изматете со миксер.

]]>

Најчитани вести