Офанзивниот играч на европскиот првак Баерн Минхен, нема да биде во составот на тренерот Гвардиола за првиот дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал.
Поради полесна опреација извршена во четвртокот, Рибери ќе отсуствува одреден период од терените. Неговото враќање ќе биде во текот на следната недела кога и се игра натпреварот, па затоа Французинот најверојатно нема да патува за Лондон.
Првиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Баерн Минхен ќе се одигра на „Емирати“ на 19 февруари, а германскиот шампион го очекува Рибери за реваншот што ќе се игра на 11 март.
]]>


