Познатиот холивудски заводник Ричард Гир, веќе една година е во врска со три децении помладата Алехандра Силва.
65-годишниот актер, Ричард Гир, за првпат се појавил во јавноста со 33 години помладата Шпанка Алехандра Силва, на филмскиот фестивал во Сицилија. Двојката таму ужива во рајските плажи. Со нив бил и синот на Алехандра, Алберт. Забележани се како уживаат на сонцето, што само ги подгреа гласините. Таа ја покажа својата витка фигура во бел бикини костим за капење, а тој дека се уште е во форма.

– Заедно се веќе една година, но тоа го држеа во тајност. Алехандра живее на релација Менхетн – Мадрид, и Ричард веќе неколку пати патува во Шпанија за да биде со неа – рекол еден пријател на Алехандра за едно шпанско списание.

Малку е познато за 32-годишната русокоса освен што често е меѓу шпанската аристократија. Таа е поранешна сопруга на Говинд Фридланд, синот на американскиот рударски магнат, Роберт Фридланд. Заедно го имаат синот Алберт.

Ричард Гир, зад себе ги има браковите со манекенката Синди Крафорд и актерката Кери Ловел.


