Ријана прогласена за модна икона

Здружението на американски дизајнери (ЦФДА) ја прогласи Ријана за модна икона за 2014 година.

Наградата на 26-годишната пејачка ќе и биде врачена на 2 јуни во Њујорк, на свеченоста по повод годишнината од формирањето на Здружението.

Наградата се доделува на познати личности чиј стил на облекување има најголемо влијание врз поп културата ширум светот.

Претходни добитници на наградата се пејачката Лејди Гага, манекенките Иман и Кејт Мос и актерката Никол Кидман

]]>

Најчитани вести