Ристески: Kога Tимчо ги ветуваше овие „брда и долини“ пред 2 години размисли ли како ќе ги финансира?

Кого лажете господа од ДПМНЕ?

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да испорача 11,5 милиони евра годишно директно од буџетот за капитални проекти во општина Аеродром.“ – вели Мицкоски денеска од Островска.

Исто вака планираа пред 2 години, со рок до крајот на 2023-та:

❌4 нови градинки – во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче,

❌проширување на објектите на градинките Сонце и Лале,

❌реконструкција на градинката во населба Лисиче,

❌парк „Радост“ на 6.000 метри квадратни во Реонски центар,

❌нова гимназија,

❌нова општинска зграда,

❌нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром,

❌нов мултифункционален центар со простории за младински центар,

❌нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче,

❌нова спортска сала во Долно Лисиче,

❌музеј на МЗТ,

❌кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче,

❌еднократна помош за новороденче зголемена од 8.000 на 20.000 денари,

❌стратегија за млади,

❌стипендии за млади таленти во износ од 30.000 денари,

❌спортски субвенции за млади во износ од 600 денари,

❌завршени сите постапки за легализација.

До денес ништо од планираното. И како по правило, друг им е крив за тоа. Владата не им одобрувала задолжување од 5,5 мил. евра, со 10 години рок на отплата и 5% годишна камата. Пази, молим те.

Се запрашал ли Тимчо, како функционираа Златко, Ивица, Киро без задолжувања? А кога ги ветуваше овие „брда и долини“ пред 2 години размисли ли како ќе ги финансира? Каде во програмaта на Тимчо за Аеродром стои дека за да го реализира ветеното ќе ја задолжува општината, дека ќе ги задолжува граѓаните? И каде е програмата на Тимчо сега, да споредат граѓаните што се’ се ветуваше пред 2 години?

Вселенска програма можат да ветат така, па после „нормално“ друг ќе им биде крив што немало пари за тоа.

-Фејсбук статус на Милутин Ристески, координатор на Советот на општина Аеродром од СДСМ

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести