Рита Ора заврши во болница: Го откажа настапот во Унгарија на само неколку часа пред почетокот

Пејачката Рита Ора го откажа концертот во Унгарија, на само неколку часа пред почетокот, пишува „Daily Mail“.


Таа ноќта ја поминала во болница во Будимпешта, од каде се огласи на социјалните мрежи.

„Ве молам да ми простите за овој неочекуван пресврт на настаните, но, за жал, нема да можам да настапам на Кампус фестивалот. Ноќта ја поминав во болница во Будимпешта и морам да се одморам и да ги следам советите на лекарите“- напиша Ора на Инстаграм.

Најчитани вести