Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец и некогашен член на Реал Мадрид Роберто Карлос денеска изјави дека „Златната топка“ за 2013 година треба да му припадне на Кристијано Роналдо.
– Кристијано ја заслужува оваа награда и мора да ја освои. Тој треба да добие признание за се што направи во 2013 година, но и изминатите неколку години кога постојано е при врвот, изјави Бразилецот.
Португалскиот репрезентативец оваа календарска година има постигнато 62 гола, а последниот предизвик со репрезентацијата го има во баражите со Шведкса, првиот се игра вечерва.
Запрашан за перспективата на „Кралскиот клуб“ Карлос смета дека Реал Мадрид предводен од Роналдо има светла иднина особено што сега во тимот го има и Герет Бејл.
– Младиот Бејл во комбинација со Роналдо се тандем кој има голема перспектива и тешко дека некој ќе може да ги запре, истакна Карлос.
Наградата „Златна топка“ ја доделува ФИФА на најдобриот фудбалер во годината. Последните четири вакви признанија ги има освоено Лионел Меси.


