“Симонс бил пронајден откако бил фотографиран во Вашингтон, од новинарка на Асошиејтед Прес”, стои во соопштението на полицијата. “Фотографијата е објавена во весникот “USA Today” и семејството Симонс ја виделе и го препознале синот.”
“Ник е жив , но очигледно не е добар”, напиша неговата мајка на Фејсбук, неколку часа пред нејзиниот син да биде лоциран. “Ќе го донесеме дома, каде што ќе биде на сигурно. Ова е најубавиот доказ за Божјата љубов што некогаш ја имам доживеано. Јас немам зборови за да опишам како се чувствувам.”
Фотографијата на Симонс е само една од 126-те слики на “Асошиетед прес”, направени за да се илустрира приказната за ладното време низ целата земја, така што родителите и нивниот син биле неверојатно среќни што редакцијата одлучила да ја објави баш оваа слика.
Кога во неделата, околу 10:50 часот, ја видела сликата на нејзиниот брат во весник, Хана Симонс и Твитувала на новинарката на “USA Today” Натали Диблазио, авторката на статијата. По нивниот телефонски разговор, Диблазио побарала фото уредникот да стапи во контакт со Мартин, а таа ја контактирала сестрата на исчезнатото момче.
Кога Николас конечно беше најден, неговата мајка напиша на Фејсбук дека тргнала по него во Вашингтон.
“Бог ја создаде оваа слика, Бог ни помогна да го најдеме”, напиша таа. “Моето бебе изгледа толку изгубено и во наредниот период јас ќе дадам се од себе да му биде добро него.”
]]>


