OH. MY. WORD! 😱 Cristiano Ronaldo with an outrageous overhead kick! Insane! 👏👏👏 pic.twitter.com/PYtT0uRTQ9
— Football on BT Sport (@btsportfootball) April 3, 2018 Роналдо постигна неверојатни 700 гола, одкои многу се фантастичноизведени. Кога играше за Манчестер, тој постигна неколку убави голови, меѓу кои и некои со извонреден слободен удар, како тие против Портсмут и Арсенал. Со оглед на тоа што неговата кариера во Јувентус трае само нешто повеќе од една година, повеќето дадени голови му се од времето поминато во Реал Мадрид. Роналдо има постигнато 311 погодок за Реал, во вкупно 292 натпревари што ги играше за клубот. „Седумстотини голови, тоа е импресивен подвиг со кој се гордеам, а малкумина играчи го постигнаа. Ако ме прашате да одберам мој фаворит, би рекол дека тоа е голот против Јувентус, бидејќи тоа е гол што со години се обидував да го дадам“, изјави Роналдо за „Ивнинг Стандард“. Тој погодок на Роналдо беше втор во натпреварот кога Реал им гостуваше на Јувентус и ги победи со 3: 0, во четвртфиналето на Лигата на шампионите. По натпреварот, во април 2018 година, Роналдо го коментираше голот велејќи дека тоа е „веројатно најдобриот гол во мојата кариера“. ]]>


