Роналдо покажа како се опоравува по дербито: Еден детаљ ги привлече сите погледи

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо сподели фотографија на социјалните мрежи од закрепнувањето во ледена бања, по дербито меѓу Ал Наср и Ал Хилал (1:1).

Роналдо објави и видео од неговиот тракер за опоравување, на кој се гледа неговиот распоред за спиење. Според апликацијата тој заспал во 1 часот, а се разбудил во 9 часот наутро, што предизвика бројни коментари од обожавателите.

„Се обидувам да ја користам ледената бања што е можно почесто за да можам да го ресетирам и закрепнам моето тело за секој нареден натпревар!“ – напиша португалскиот ас.

Роналдо и неговиот Ал Наср во вторник ги очекува мечот со Ал Аин во азиската Лига на шампиони, па тој се надева дека ова што го прави навистина ќе му помогне за закрепнувањето.

Најчитани вести