Роналдо признал: Ми кажа „НЕ“, повеќе пати, но на крај ми се предаде

Тие се сретнале во еден од ноќните клубови во јуни 2009 година, по што завршиле во луксузен апартман во хотелотот Палмс во Лас Вегас. Иако Роналдо првично тврдеше дека станува збор за доброволен секс, неколку месеци подоцна се дозна дека адвокатите на фудбалската ѕвезда и непозната девојка постигнале договор за молчење при што на Кетрин ѝ е платено 375.000 американски долари. Настанот се случил кога Роналдо од Манчестер Јунајтет преминал во Реал Мадрид за 94 милиони долари и таа вечер славел во Лас Вегас. Иако од тогаш поминале речиси 9 години, Кетрин се премислила и раскажала за германски „Дер Шпигел“, што се случило таа ноќ, како го запознала фудбалерот, како ја силувал и како се случил договорот. Таа вели дека се уште трпи последици, а нејзиниот адвокат сега покрена нова тужба. Роналдо дал две изјави, според Дер Шпигел. Во првата тој тврдеше дека сексот го сакале и двајцата, а во другата: „Неколку пати ми рече „не“, ја турнав настрана и беше прилично брутално, траеше околу 5-7 минути, ми велеше „не“, но на крај ми се предаде, иако истакна дека не е како другите. Не повика помош, изјавил тој. ]]>

Најчитани вести