Валентино Роси доби казна после инцидентот со Марк Маркес поради кој во Валенсија мора да стартува од последната позиција. Јамаха, неговиот тим, поднесе жалба, но прашање е дали таа ќе биде прифатена. Разликата од само седум бода меѓу Роси и Лоренцо и казната што ја доби Италијанецот може да се покаже како главен фактор во битката за титулата.
„Можеби нема ниту да стартувам во Валенсија, треба да одлучaм, затоа што ова не е фер казна. Јас не сакав Маркез да падне. Жал ми е што се случи, не ми беше тоа намерата. Секогаш сум бил фер возач, а знам дека вчерашниот инцидент е поради она што се случи во Аргентина и Асен. Имам потврда од Алзамора дека Маркес смета оти јас сум виновен што ги загубил шансите за титулата”, изјави Роси.
„Тој е губитник и кретен“ – рече популарниот „Доктор“.
За да ја освои седмата шампионска титула во кариерата, а прва по пауза од шест години, на италијанскиот ас му е потребна најмалку второ место на последната трка во сезоната.


