Хрватската пејачка Јелена Розга и Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина, според пишувањето на српски „Блиц“ се во тајна љубовна врска. Наводно, двојката веќе неколку месеци тајно се состанува заради Северина.
– Би сакала да родам дете. Мечтаам за едно мало девојче. Мажењето не ми е важно – изјави неодамна Розга.
Претходно се шушкаше дека е во врска со Тончи Хуљиќ, а подоцна дека го заменила со неговиот син.
– Розга и Милан се познаваа и пред врската со Северина. Но нетрпеливоста помеѓу двете Сплиќанки, предизвика Милан да го прекине контактот со Јелена. Го обновија минатата година кога станаа и повеќе од пријатели – вели анонимен извор.
Како што тврдат соседите на кралот на бакарот, Јелена е честа гостинка во станот на Поповиќ во Белград.
– Неа не можете да не ја забележите. Во прашање е голема ѕвезда, која во последниот месец често ја гледаме – изјавиле од локалната теретана.


