Руска салата или зимска салата, многу крцкава и вкусна

 За да ја подготвите оваа вкусна салата која е задолжителна на трпезата во зима ви се потребни следниве состојки:

1кг. корнишони

    1кг. моркови

    1кг. карфиол

    1кг. зелка

    Солило:

    750мл. алкохолен оцет

    250мл. вода

    500мл. зејтин

    250гр. шеќер

    150гр. сол

    бибер по желба

Зеленчукот убаво се мие и се чисти. Корнишоните и морковите се сечкаат на кругчиња. Карфиолот се дели на мали цветчиња (парчиња), а зелката ситно се сецка (ренда).

Во едно длабоко тенџере ставете ги најпрво морковите, врз нив наредете ги корнишоните. Над корнишоните се реди карфиолот а најодозгора зелката.

На страна во теџере се ставаат сите состојки за солилото и се става да зоврие. Откако ќе зоврие се попарува зеленчукот, се поклопува со капакот и се остава така да отстои 15 минути.

Отворете го малку капакот од тенџерето со зеленчук и исцедете го солилото во тенџерето во кое претходно се варело. Повторно ставете го да зоврие и уште еднаш попарете го зеленчукот. Повторете го тоа и по третпат.

Откако по третпат сте го попариле зеленчукот, оставете така убаво да се олади најдобро преку ноќ. Наредниот ден полнете ги теглите со салатата. На крај, дополнете ги теглите со солило и затворете ги убаво со капаците.

Зеленчукот одберете си го по ваша желба.Може да ставите и пиперки, зелени домати….Од оваа мера излегуваат некаде околу 6-7 тегли.

Најчитани вести