Руската манекенка Ирина Шајк му даде поддршка на украинскиот народ по руската инвазија на Украина. Таа на Инстаграм објави фотографија од симболот на мирот и ги повика своите следбеници да ѝ помогнат на Украина.
„Не на војната. Ќе донирам за УНИЦЕФ и Украинскиот Црвен крст. Ве молам најдете ги линковиte за донации. Донирајте ако можете. Се молам за мир во светот“ – напиша Ирина.
Шајк минатата недела проговори за нападот врз Украина. Таа објави цртеж на земјината топка над која беше симбол што означува мир.
]]>


