За ова информираше д-р Денис Грејфер, заменик-министер за здравство на регионот Саратов во Русија, кој рече дека сите кои ќе се вакцинираат треба да се воздржат од „зголемен физички напор“ по вакцинацијата – вклучувајќи и секс. Предупредувањето од лекарите дојде откако претходно тие ги советуваа граѓаните на Русија да избегнуваат вотка, пушење и посета на сауна веднаш по примањето на вакицина против Ковид.
Русија има една од најниските стапки на вакцинација во светот, со само 13 проценти целосно имунизирано население во споредба со европскиот просек од 30 проценти.
„Верувам дека секој знае дека сексот е активност што троши многу енергија. Затоа ги предупредуваме граѓание кои биле вакцинирани дека зголемената физичка активност, вклучително и сексот, не се препорачува по вакцинацијата”, изјави д-р Грејфер на прес конференција.
Медиумите наведуваат дека Грејфер има 38 години, тој е оженет, татко е на две деца и е вакциниран.
Неговиот претпоставен, д-р Олег Костин, беше малку поблаг кога станува збор за сексот по вакцинирањето.
„Можете да го правите тоа, само бидете внимателни“, рече Костин.
]]>


