Руското архитектонско студио „БИО Архитектура“ создаде модуларна куќа која се купува во продавница и се составува за само 24 часа, а оди заедно со неопходната приклучна инсталација, апарати за домаќинство, изолација па дури и мебел.
Иако е направена само од дрво, куќата е многу добро изолирана за што сведочи и фактот дека пред се е наменета за ладното руско поднебје.
Куќата е со едноставен дизајн, лесна за пренесување и уште полесна за монтирање. Така што, верувале или не, во куќата може да се всели 24 часа после купувањетo, што во овој момент е апсолутен светски рекорд!
Првата ваква куќа е направена во околината на Москва и служи како викендица на една руска фамилија. На рускиот пазар веќе постои голем интерес за овие куќи, а моментално може да се купи во две големини, од 26 метри квадратни и од 40 и тоа заедно со мебел кој е изработен по мерка.













