“Дефинитивно, улогата на мајка најмногу ме промени. Заради него почнав повеќе да се сакам себе си, да се штедам, да не трошам време и енергија на сѐ и сите, да бидам селективна во изборот кого, што и колку ќе сакам. Претходно, никогаш не си бев важна јас и моите чувства и потреби, сакав само другите да се среќни, сега и тoa како ми се важни, и тoa како се сакам, зашто сакам што подолго во животот Марко да ме има, а за да го остварам тоа, морам јас да сум добро, мора мене да ми е убаво и добро” рече актерката Сања Арсовска во интервју за “Трн.мк”.
Од друга страна, додава таа, дека со раѓањето на синот ѝ се родиле и стравови што претходно ги немала.
“Сепак, не мислам дека да сум мајка ми е улога, зашто улогата започнува и завршува, тоа е живот, перманентен, засекогаш. Еден убав, ненаспан, тежок и стресен живот, во кој едно ’те сакам’, гушка и бакнеж те растресуваат и ти ги регенерираат сите клетки, одново и одново за да имаш сила да продолжиш” додаде Арсовска.
Актерката додава дека ако постои нешто што да го работи, тоа го прави.
“Создавам услови, се вложувам и не се откажувам. Освен во театар, таму има работи, односно, улоги што би сакала да го изиграм, но за тоа треба прилика, тоа е нешто што не зависи од мојата желба, туку од многу фактори” рече Арсовска.


