Санкционирани 237 возачи во Скопје, 69 за брзо возење

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на главниот град изрече вкупно 237 мерки, информираат од МВР.

-Од изречените 237 мерки, 69 се за возење повеќе од дозволената брзина, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), известуваат од полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести