Санкционирани 83 возачи на територија на СВР Kуманово

Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 10:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Kуманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 83 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), седум за истечена важност на регистрација и пет мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелраат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

MИА

Најчитани вести