Имав трема у пичку матер ми се тресеше мобилниот ќе ми паднеше од руки! Еден камерман до мене ми вика – Абе аман смири се ти се тресе телефон ќе ти падне од раце. Епа јбг имам трема шо да праам, му реков. Имав ужасна трема затоа што сите беа како успани со прашања до Каролина од типот, Кики а дундата кога ја депилираше и у кој облик, ако може да знаеме… И ја тука влегувам како талибанец со прашање кое е толку нормално но во ваква ненормална Македонија прозвуче како да сум ја прашал Каролина кога планира да се зачлени во ИСИЛ и да замине за Сирија!
Па затоа прашањата не ми беа во целост како што ги замислив, па затоа да се дообјаснам вака тука. Значи, вака. Мислам дека уопште не е фер, што јавните фаци во земјава ја оставаат битката со режимот само на грбот на опозицијата и новинарите, оние малкуте што се критички. Мора да ни помогнат!
Не може ние да гинеме, да скапуваме по затвори, да не тужат, да не газат, а они да држат пресови како да живеат во Шведска! Во оваа држава беше јасно цело време а сега е јасно и црно на бело дека режимот влече за уши народ, се заканува дека ќе фрла во ендек, пали кафани, со бараби со беџови на МВР вршат насилие, гасат струја по телевизии, уценуваат деца сираци, вршат поткуп, упаѓаат со ДБК во депоа со избирчаки материјал, бркаат новинари до МТВ, институциите ги претвориле во партиски штабови, печателе лични документи, гаселе лифтови, делеле вреќи брашно, правеле планови и извршувале планови според кои опозицијата требало да се сотре! Принзаваат дека се лудаци и дека државата е пред банкрот! Режимот признава дека затворал медиуми на Сашов начин, бутале пиштоли у уста, смрта на Мартин Нешковски за нив било заебанција.
Ова сето треба сите нас да не загрижи и сите што имаат каква и да било јавна платформа за изразување, фб профили, твитер профили, медиуми, блогови, место пред кооперација и слично треба сите заедно да се бориме против ова зло!
Особено се повикани јавните фаци кои имаат армија од десетици илјади фанови! Тие мора да покажат одговорност, храброст, лидерство!
Не може Тамара да јава на коњ на Куба заедно со синот на Сашо Мијалков додека тој ни ебе маме тука на сите и цела држава плаче од него. Не може ни Каролина да држи прес како ништо да не било и на моето прашање да одговара дека имала мислење ама немало да го каже?!
Музичките ѕвезди од светот одсекогаш се бореле за битни општествени прашања. Џон Ленон е пример за тоа, да не зборуваме за членовите на групата У2. Се бореле против расизам, против војни, з аправата на ЛГБТ, феминистички прашања, пташањата на сиромашните итн итн. Не може, педерски е нашите ѕвезди да чекаат повик од владата за да со државни пари бранат државни интереси, оние кои ќе ги одобри ДПМНЕ. Мора и самите на своја рака без пари со ризик да претрпат и штета да застанат зад некои основни вредности. Инаку ќе им го паметите сите овој молк и ќе го сметаме за соработка со РЕЖИМОТ!
Засрамете се Каролина и сите други пеачи кои молчите. Засрамете се и вие од Авалон кои верувам сте и забраниле на Каролина да зборува за сето ова. Особено сега кога се виде дека и семејството на Тоше Проески било цел на уцена и притисок!
Сопственикот на Авалон има многу коректен однос со Мактел и со мене како новинар, тоа го покажал и со приватни пораки а и лично во комуникација. Спеак мислам дека тоа не е доволно за она што ни се случува. Сите мора да го понесеме товарот. Не можеме да очекуваме само Заев да го изнесе целиот товар сам на своите плеќи и уште 1000 луше од првите ешалони на опозицијата и уште стотина соросоиди!
Се сечавам на сликите од славните турски актери кои беа во првите редови на протестите против Ердоган. Слично беше и со протестите против Милошевиќ. Еве ви шанса да покажете колку сте со народот, колку сте со погазените, еве покажете од каков материјал сте направени, а не само да ве гледаме на партиските митинзи на ДПМНЕ, сите наредени како скапа ергела на скапо платени пејачи, платени со нашите пари украдени и дадени на вас за корист на Грујо и фамилијата.
Извор: Мактел


