Сателитска снимка: Пожарот во Пехчево

На Фејсбук страницата „Пехчевско лоби“ се објавуваат најновите информации за пожарот што веќе 5 ден го гори делчевско-пехчевскиот регион.

Дека ситуацијата е сериозна сведочи и сателитската фотографија на која се гледа се што е изгорено, како и чадот кој се шири во далечина.

„За огромните размери од пожарите во Пехчевско-Делчевско, говори денешната сателитска снимка на која се гледа чадот кој се шири 100-тина километри кон исток, до преку Рила и врвот Мусала. Со срце и мисли за Пехчево и надеж дека час поскоро ќе се локализираат пожарите“, стои во описот на фотографијата.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести