Празникот си го честитаат со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“, а еве го и значењето на оваа порака.

Имено, зборот „Бајрам“ има потекло од Персија, а на турски значи празник.
Зборот „шериф“, има арапско потекло, а на турски значи „честит“.
Зборот „мубарек“ исто така има арапско потекло и значи „благословен“.
„Олсун“ на турски јазик значи „нека биде“.
Според ова преводот на честитањето на македонски јазик значи „Нека биде празникот честит и благословен“.
Одговорот е: „Алах рази олсун“ или „Нека е Алах задоволен со тебе“.
За овој ден муслиманите имаат и свој „адаби“, бонтон, што го прават празникот посебен.
Пред одењето во џамија треба да се искапат, да бидат чисти, убаво да се облечат, кон џамијата да одат по еден пат, а да се вратат по друг, да ги посетат своите роднини, пријатели… Пред рамазанскиот намаз треба да јадат, а на Курбан Бајрам, јадат потоа. За Курбан Бајрам тие обично принесуваат и жртва, колат овен чие месо треба да го поделат со семејството, но и со посиромашните од нив. Во последно време, место месо, практикуваат да поделат пари или било каква храна што им ја оставаат во дворот или пред вратата на сиромашните.
]]>


