Се огласија Вилијам и Кејт! Принцезата од Велс го шокираше светот со веста дека има рак, а еве што рекоа сега

Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт, биле трогнати од пораките што ги добиле откако Кејт објавила дека и е дијагностициран рак, изјави портпаролот на палатата Кенсингтон, објави Република.рс.

„Принцот и принцезата беа исклучително трогнати од љубезните пораки од луѓето овде во Велика Британја, низ Комонвелтот и ширум светот како одговор на пораката на Нејзиното кралско височество“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Се додава дека се благодарни што јавноста го разбрала нивното барање за приватност. Кејт, принцезата од Велс, во петокот објави видео порака во која објави дека и бил дијагностициран рак додека била подложена на голема операција на абдоменот во клиника во Лондон на почетокот на оваа година.

Кејт последен пат беше видена на официјалната кралска служба на Божиќ, кога со остатокот од семејството присуствуваше на црквата во Сандрингам. Во јануари таа беше примена во болница на две недели и се очекуваше да закрепне за неколку месеци.

Нејзиното непојавување на јавни настапи ги подгреа гласините за нејзиното здравје, кои само се влошија кога таа објави семејна слика на Денот на мајката, каде што Кејт седеше опкружена со нејзините три деца. Откако беше откриено дека сликата е дигитално изменета, Кејт лично се извини за уредувањето на сликата, но оригиналната фотографија никогаш не беше објавена.

Таа и Вилијам тогаш беа забележани во продавница на фарма во Виндзор, што предизвика чудни шпекулации дека таа е заменета со двојничка.

Принцезата, сепак, истакна дека е добро, дека секој ден е се посилна и се фокусира на работи кои ќе и помогнат да оздрави, барајќи приватност за да може нејзиното семејство да се справи со нејзината состојба.

Најчитани вести