Убавата хрватска кошаркарка Антонија Мишура (26) се омажи во Шибеник за кошаркарот Марко Сандриќ (27), по 10-годишна врска. На својот голем ден, Антонија уште еднаш блесна во полн сјај.

Кошаркарската двојка се познава од мали нозе и пораснале заедно. Пријателството со текот на времето прераснало во љубов, а иако во моментот живеат во Франција, Антонија и Марко одлучиле судбоносното „да“ да го изречат во Шибеник. Антонија уште пред три години изјавила дека со Марко се гледа во брак и изразила желба да имаат две деца.

Photo: Dino Stanin/PIXSELL
Прекрасната кошаркарка блескала во белата венчаница од тантела, а првата прошетка на новопечените сопружници предизвикала голем интерес кај жителите на Шибеник, но и кај бројните туристи.

Антонија речиси е постојана „членка“ на листата на најубави спортистки, а во моментот игра за францускиот клуб Тулуз Метропол Баскет (Toulouse Metropole Basket).


