Се појави фотографија од Харис Џиновиќ без шешир

Пејачот Харис Џиновиќ е присутен на јавната сцена со децении, а шеширот е негов препознатлив знак повеќе од 30 години. Тој никогаш не се појавил јавно без капа, па затоа малкумина знаат како изгледа без овој моден додаток.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од Харис без капа, но таа е фотографирана кога Харис имал 24 години.

Иако е тешко да се препознае Харис со коса, сепак неговите фанови коментираа дека со текот на времето значително се променил.

Инаку, заврши бракот помеѓу Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ, а пејачот неодамна истакна дека е подготвен за нова љубов.

Најчитани вести