Ламбда, познат и како Ц.37 или варијантата од Андите, првпат се појавил во август 2020 година во Перу. Светската здравствена организација (СЗО) неодамна го класифицираше овој вид како „под опсервација“. Причината за ова е што овој сој сè почесто се шири и се појавува во сè поголем број земји. По една година од неговото појавуваање овој вид доминира во Перу, со 82 проценти од заболените.
Според некои странски медиуми, овој вид се појавил во 29 земји, од кои седум се на континентот Јужна Америка.
Видот ламбда го откриле перуанскиот микробиолог Пабло Кукајама и неговиот тим.
Експертите стравуваат дека овој вид може да стане проблем за целиот свет, а веќе се направени и студии на Универзитетот во Сантијаго за да се испита неговата отпорност на заштитата обезбедена од антителата. Резултатот покажа дека ламбда сојот е позаразен и способен да ги заобиколи антителата.
Симптомите кај овој сој се слични со оние на другите соеви. Тоа се треска, главоболка, воспалено грло. Некои луѓе, исто така, споменуваат губење на чувството за мирис и вкус како симптоми.
Варијантите гама и делта, како и претходните алфа и бета, припаѓаат во „загрижувачки соеви“ (VOC, Variants of Concern). Тие се повеќе заразни, потешко се контролираат и доведуваат до тешки заболувања.
Хаиро Мендез-Рико вели дека вакцината е ефикасен лек против мутираните соеви.
-Сите одобрени вакцини се генерално ефикасни против сите варијанти на коронавирусот кои се шират низ целиот свет. Нема причина да претпоставуваме дека тоа не е случај и со ламбда – сојот вели Мендез-Рико, пренесува Дојче веле.
Многу научници тврдат дека пандемијата ќе заврши само кога ќе се вакцинираат 80 проценти од светската популација, а се дотогаш ќе се појават нови варијанти на вирусот.
-Иако ја има таа можност, во моментот нема што да укаже на тоа дека варијантите се поопасни или доведуваат до зголемена смртност. Коронавирусот во својот еволутивен процес ќе станува позаразен, но не и поштетен за домаќинот – вели Хаиро Мендез-Рико.
]]>


