Се преврте автомобил на Плетвар

Автомобил Мазда се превртел на патот Градско – Прилеп на превојот Плетвар. Шесте лица кои се превезувале во него, меѓу кои и две деца за среќа поминале без повреди. Причина за несреќата како што јавува Канал 77 се лошите услови на патот, кој бил наместа со снег.

На помош на возачот од превртениот автомобил му дошле фудбалерите на Победа кои таму случајно поминувале враќајќи се од натпревар.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести